Меѓукоалициската битка во вториот круг ѝ ја мати сметката на власта
Изборот за кој коалиционен партнер да се гласа и комбинаториките кој кого ќе поддржи во вториот круг се вжештуваат како се наближува гласањето на 31 октомври. Во вториот круг ќе се гласа во 46 општини и Градот Скопје, откако во првиот, кој се одржа на 17 октомври, се избраа 34 градоначалници.