Македонија влегува во зимскиот бран на коронавирус со малку вакцинирани
![Македонија влегува во зимскиот бран на коронавирус со малку вакцинирани](https://gdb.rferl.org/6ad5c340-be68-4c66-8f07-a50b91f867db_w800_h450.jpg)
Зимскиот бран во Македонија веќе започна, но дневните бројки на новозаразени се уште бавно се искачуваат. Во земјава има околу 800 илјади вакцинирани, што е околу 40 отсто од населението. Во некои земји во ЕУ, вакцинирани се над 80 отсто од жителите и се укинуваат рестрикциите против ширењето на заразата.