Украина забележа нов дневен рекорд на ковид случаи
Украина регистрира уште еден дневен рекорд на инфекции со коронавирус, додека бранот на новозаразени и смртни случаи продолжува да ја зафаќа Источна Европа.
Украинското Министерство за здравство денеска соопшти дека источноевропската земја регистрирала 26.870 нови случаи на Ковид-19 во претходните 24 часа, што е надминување на претходниот максимум во претходниот ден од 26.071 случаи.
Бројот на смртни случаи во изминатото денонокие е 648, се додава со соопштението на Министерството.
Вкупниот број на инфекции од почетокот на пандемијата изнесува 2,88 милиони, со повеќе од 67.000 смртни случаи, според официјалните бројки.
Властите ширум регионот обвинуваат дека влошувањето на ситуацијата во голема мера е поради бавните стапки на вакцинација.
Киев од 1 ноември воведува нови мерки за заклучување, за земјата да се бори против ширењето на смртоносниот вирус.
Бугарија ја затвора границата за Украинци поради ковид
Украина има 42 милиони жители и една од најниските стапки на вакцинација во Европа, што ја прави земјата ранлива од зголемување на случаите, предупредуваат медицинските експерти.
Околу 9,5 милиони Украинци, што е нешто повеќе од една петтина од населението, примиле прва доза на вакцина, додека целосно вакцинирани се само 7,2 милиони Украинци.
На 28 октомври членката на ЕУ Бугарија објави дека привремено ја затвора својата граница за повеќето украински посетители. Ограничувањата за патување треба да стапат на сила на 30 октомври, соопшти Украинската амбасада во Софија.
Само на Украинците со бугарско жителство и на членовите на нивните семејства, ќе им биде дозволено да влезат во земјата според привремените ограничувања доколку имаат негативен тест за ковид, доказ за вакцинација или документи што покажуваат дека се опоравиле од вирусот во претходните 180 дена. .