Воената власт во Мјанмар осуди соработник на соборената премиерка на 20 години затвор за предавство
Судот во Мјанмар денеска донесе осудителна пресуда со казна затвор од 20 години поради предавство за близок соработник на претходно соборената цивилна лидерка Аунг Сан Су Чи. Станува збор за поранешниот член на парламентот и претседател на партијата на Су Чи Националната лига за демократија, Вин Хтејн.
Папата ја повика војската на Мјанмар да им помогне на бегалците
Неговиот адвокат Мајнт Твин изјави дека Хтејн е првиот раководен член на партијата на Су Чи е осуден на 20 години затвор за предавство од страна на специјалниот суд во Мјанмар.
Земјата е во превирања откако во државниот удар на 1 февруари беше соборена владата на Националната лига за демократија (НЛД) на Су Чи. Војската ја обвини владата за измама на изборите во 2020 година што ги доби убедливо.
Мјанмар оттогаш е во хаос, со чести и масовни протести за демократија кои беа и задушувани од хунтата, во кои во изминатава година загинаа повеќе од 1.200 луѓе.