Шефот на ЦИА во посета на Русија
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА, Вилијам Барнс отпатува во Москва на разговори со руски официјални претставници во услови на постојани тензии меѓу двете земји. Барнс и Николај Патрушев, шефот на Советот за безбедност на Русија, разговараа за руско-американски односи, се вели во кратката од прес-службата на Советот.
„Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, на барање на претседателот, ја предводи делегацијата на високи американски функционери во Москва на 2 и 3 ноември. Тие се состануваат со членовите на руската влада за да разговараат за низа прашања во билатералните односи“, соопштија од Амбасадата на САД во Москва.
Заменик државниот секретар на САД во посета на Москва
Врските на Русија со Соединетите Држави се на најниско ниво по Студената војна, затегнати поради прашања како руското мешање во изборите, анексијата на Крим од Москва, конфликтите во источна Украина, сајбер нападите наводно спроведени од руски хакери и труењето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека и покрај тензиите неговата администрација се обидува да соработува со Москва за конкретни прашања, вклучително и намалување на стратешкото оружје, иранските нуклеарни разговори и спротивставување на сајбер-напади.