АББА се врати со нов албум по 40 години пауза
Шведската поп супергрупа АББА го направи долгоочекуваниот кам-бек на 5 ноември со нивниот нов албум „Voyage“, речиси четири децении откако се разделија. Агнета Фалстог, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад – чии иницијали го прават името на групата АББА -- немаат издадено нова музика од нивното разделување во 1982 година, една година по нивниот последен албум „The Visitors“. „Voyage“ со 10 нумери се емитуваше во живо на полноќ во различни временски зони, на задоволство на обожавателите ширум светот. АББА го објавија обединувањето и новиот албум во септември по неколкугодишни шпекулации.
Двајца мртви во пад пред концерт во чест на групата АББА во Шведска
Групата, исто така, ќе претстави дигитални аватари -- наречени „ABBAtars“ -- на концерт во Лондон во мај, кои личат на нив од 1979 година. Холограмите се производ на долгогодишен проект, дизајниран во партнерство со компанијата за специјални ефекти на креаторот на Star Wars Џорџ Лукас. Групата беше формирана во 1972 година во Стокхолм, и стана светски позната откако победи на Евровизија во 1974 година со „Ватерло“.