ДПА остана без градоначалничка фотелја, Садику премина во Алијанса на Албанците
Градоначалникот на Општина Студеничани, Азем Садику, кој во изборната трка влезе како кадар на ДПА, денеска изјави дека преминува во Алијансата за Албанците предводена од Зијадин Села. Тој изјави дека одлуката ја донел затоа што претседателот на ДПА Мендух Тачи тргувал со ДУИ за, како што рече, партијата на Али Ахмети да ја добие општината.
„Лидерот на ДПА ме продаде многу евтино, ја знам таа цена. Заедно со ДУИ беа подготвени да ја сменат волјата на граѓаните на Студеничани. Но, наидоа на клинец“, рече Садику.
Од друга страна, пак, лидерот на ДПА Мендух Тачи денеска во Собранието изјави дека единствено е важно што Аземи победи, сѐ друго е неважно.
„Се прашувавме што ќе се случи ако Садику не победи и колку тогаш ќе имаше обвинувања на моја сметка. Но јас да не сакав тој да победи, немаше да победи“, изјави Тачи.
Тој додаде дека на сите во Студеничани им е јасно дека без поддршката од ДПА немаше да се дојде до победа и дека тој тоа отворено секогаш го кажувал.
Сè уште неизвесно мнозинството во Советот на Општина Тетово
ДПА на овие избори за градоначалници победи само во Студеничани, но сега на своето конто оваа победа ќе ја евидентира Алијанса за Албанците. Ова е втор мандат на Садику како градоначалник на Студеничани.