Одложено рочишето за случајот против Јакимовски
Рочиштето за предметот во кој актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, што требаше да се одржи денеска, е одложено за 23 ноември.
Како што потврдија од Основниот кривичен суд Скопје за МИА, обвинетиот Јакимовски приложил документација дека целото семејство на неговиот адвокат е позитивно на Ковид-19 и затоа и тој во моментов се наоѓа во изолација.
Стевчо Јакимовски обвинет за злоупотреби и бесправно градење додека бил градоначалник
Според обвинението, во периодот од 2011 до 2017 година, како службено лице, градоначалник на општина Карпош, Јакимовски во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште сопственост на државата.