Спано со пофалба за судските реформи, но, не и за времетраењето на постапките
Претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано на денешната прес-конференција во Скопје изјави дека еден од позитивните развојни текови кога станува збор за македонското судство е тоа што имаат добри реформи, посебно Врховниот суд и апелациските судови кога станува збор за прашањето за ограничување на максималното траење на постапките.
Но,одговарајќи на новинарско прашање дали се подобрува досието на државава во однос на времетраењето на судските процеси тој рече дека кога станува збор за статистиките поврзани со оваа земја и со многу други земји на Советот на Европа, морам да кажам дека времетраењето на постапките остануваат предизвик.
„Прочистувањето“ во судството може да влијае врз постапувањето на судиите
Негов општ впечаток, како што наведе, е дека земјата на национално ниво му пристапува сериозно и порача дека е сигурен оти ќе има подобрување во иднина.