И Чешка воведува мерки за невакцинираните
Чешките власти од понеделник ќе им забранат на невакцинираните граѓани да присуствуваат на јавни настани и да имаат пристап до јавни услуги, изјави денеска чешкиот премиер, Андреј Бабиш.
„Тоа значи дека негативните тестови повеќе нема да се уважуваат како сертификат за влез на настани и во услужни објекти“, објасни Бабиш, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Ограничувањата, кои утре ќе бидат одобрени од комплетниот кабинет, доаѓаат откако бројот на нови инфекции се искачи на 22.479.
Рекорден број на заразени од ковид во Чешка
Австрија нареди заклучување за оние кои не се вакцинирани против ковид-19
Многу европски земји, вклучително и чешките соседи Германија, Австрија и Словачка, регистрираат голем број на заразени и повторно воведуваат одредени мерки.
Словачка објави најголем број случаи во средата, при што Унгарија и Полска имаат најголем број заразени во последните шест месеци.