Девет починати, нови 476 случаи на ковид 19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.145 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на Ковид-19. Најмногу заразени има во Скопје – 208, потоа следуваат во Битола – 45, Велес – 29, Прилеп – 22, Куманово – 21, Кавадарци – 18, Охрид, Кочани и Гевгелија по 13, Штип – 11, Делчево – 8, Берово – 7, Струмица, Неготино и Радовиш по 6, Тетово, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар по 5, Ресен – 4, Гостивар, Кичево, Виница, Валандово и Крушево по 3, Пробиштип и Пехчево по 2, Струга и Македонска Каменица по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје и Куманово и по едно починато лице од Велес, Кавадарци, Штип, Прилеп и Крива Паланка. Од пријавените лица осум се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Ревакцинирани 48 отсто од полнолетните граѓани
Отровниот воздух дополнително ќе ја влоши ковид сликата
Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 4 починати лица од 4 до 14 ноември. Регистрирани се по едно починато лице од Скопје, Битола, Велес и Кочани. Починатите лица се на возраст од 57-81 година, од кои 3 се починати во домашни и едно лице во болнички услови.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe и 279 оздравени пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455.