Димитров – Не може антиевропски услов да биде критериум за ЕУ
Бугарската блокада на македонските евроинтеграции е инвестиција во антагонизам наместо во пријателство, рече вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на дискусијата за политиката на проширување на ЕУ со Западниот Балкан што утрово се одржа во Мадрид.
Димитров рече дека ниту има правна основа, ниту е пристојно една земја во светот да признава или не признава јазик, затоа што според меѓународното право „јазикот е прашање за нашиот народ“.
Нинова - Додека јас преговарам за влада, Северна Македонија нема да влезе во ЕУ
„Ако предусловот за придвижување кон Европа не е во согласност со европските вредности и ако сме условени со македонскиот јазик, тогаш, сум го кажал ова и кај нас, за мене е подобро да не постигнеме напредок кон ЕУ, бидејќи тогаш тоа не е зачленување во заедница на вредности“, рече Димитров.
Според него, со блокирањето на македонските евроинтеграции, Бугарија го прекршува Договорот за добрососедство меѓу двете земји, додека од македонската страна нема такво прекршување.
„Не можете да создадете антиевропски услов и да го претставувате како критериум за една земја да се приклучи во ЕУ и секако не откако ја искачивме големата планина – проблемот со името. Решението со Грција беше можно, ние ја додадовме придавката Северна, само затоа што Грција ги прифати нашето право на самоопределување и македонскиот јазик како македонски“, рече Димитров.