Со нож нападнат обвинител во Чегране, Гостиварско
Јавното обвинителство соопшти денеска дека бил извршен обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство- Гостивар. Нападот, според соопштението, се случил изутринава во 5:30 часот во село Чегране, Гостиварско. Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот.
Според соопштението, јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники. Обвинителството презема дејствија за расчистување на настанот.