Две деца повредени во железничка сообраќајна незгода во Битола
Во железничка сообраќајна несреќа во Битола тешко повредени се две деца, а нивната мајка која управувала со автомобилот што се судрил со локомотива се здобила со лесни телесни повреди.
Незгодата, како што посочуваат од Железници , се случила утрово во непосредна близина на битолското ОУ „Коле Канински" каде од досега непознати причини се судриле моторно возило и локомотива.
Во железничката сообраќајна несреќа повредени се децата на возраст од 2 и 5 години кои биле хоспитализирани во Клиничка болница-Битола. Дел од медиумите јавуваат дека двегодишното дете е транспортирано на клиниките во Скопје.
СВР-Битола најави истрага за овој случај.