Ерменскиот екс- претседател обвинет за корупција
Поранешниот ерменски претседател Серж Саркисијан се гони во нов случај за корупција, соопштија официјални лица и неговиот адвокат. Портпаролката на Антикорупцискиот Комитет потврди дека поранешниот претседател е обвинет, но без при тоа да се соопшти повеќе детали. Антикорупцискиот комитет беше формиран оваа година за гонење на кривични дела поврзани со корупција.
Случајот е поврзан со сведочењето против Саркисијан, кој беше претседател во период од 2008 до 2018 година. Сведок во случајот е најверојатно бизнисменката Силва Хамбарџумијан, чие име се поврзува со случајот за корупција од висок профил против друг поранешен ерменски претседател, Роберт Кочарјан.
„Иронијата е што по 3,5 години решија Силва да сведочи дека му дала поткуп и на Серж Саркисјан. Како дел од истиот случај, Серж Саркисјан беше испрашуван како сведок пред две години, и оттогаш законски не се појавија нови околности“, напиша адвокатот на својот фејсбук профил, сугерирајќи дека случајот е политички мотивиран.
Ерменскиот премиер Саркисјан поднесе оставка
Претходно екс-претседателот беше обвинет за организирање на проневера на околу 1 милион долари во врска со наводното трошење гориво. Саркисјан е осомничен и за злоупотреба на службената положба во кривичната постапка покрената минатиот месец за наводна злоупотреба на државни пари.
Дали функционерите навистина ништо не знаеле за ерменската афера?
Случајот беше отворен откако ерменска веб-страница која се занимава со истражувачко новинарство „Платформата за истрага на факти“, објави дека за време на мандатот на Саркисијан како претседател, претседателскиот авион извршил повеќе од десетина летови до германското одморалиште Баден-Баден на сметка на буџетот. Саркисјан и членовите на неговиот политички тим, исто така, ги отфрлаат овие наводи како политички мотивирани.