Претставници на ЕУ и Централна Азија разговараат за Авганистан
На тема Авганистан денеска разговараат високи претставници на ЕУ и на Централна Азија. Во главниот град на Таџикистан, Душанбе се одржува состанок на делегација на ЕУ предводена од високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и министрите за надворешни работи од Централна Азија.
Денешните разговори се одржуваат зад затворени врати, но извори блиски до владата на Таџикистан за РСЕ велат дека агендата е фокусирана на влошените економски и хуманитарни услови во Авганистан, каде талибанските милитанти ја презедоа власта во август.
Министерството за надворешни работи на Таџикистан претходно соопшти дека посетата на делегацијата на ЕУ на земјата ќе трае до 24 ноември.
Според Обединетите нации, милиони луѓе во Авганистан може да се соочат со глад, а речиси целото население живее во сиромаштија, бидејќи економијата пропаѓа по преземањето на власта од страна на талибанците.
Младите во Кабул загрижени за нивната иднина под талибанците
Минатиот месец, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека ЕУ планира да му обезбеди на Авганистан пакет за поддршка од 1 милијарда евра (1,2 милијарди долари).