Турската лира продолжува да тоне
Турската лира падна на ново ниско ниво во однос на американскиот долар, еден ден откако претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека останува посветен на политиката на намалување на каматните стапки и покрај инфлацијата.
Еден ден откако ги критикуваше деловните групи кои бараа промена на тој пристап, беше можно да се добијат 17,97 лири за еден американски долар, што од петокот изгуби девет проценти од својата вредност. Турската лира загуби повеќе од 55% од вредноста во однос на доларот од почетокот на годината.
Турската лира пропаѓа. Какво е влијанието?
Турците чекаат ред за евтин леб, инфлацијата ја јаде заработката
Иако инфлацијата е 21 отсто, според официјалните податоци, турската централна банка ја намали референтната каматна стапка од 19 на 14 отсто од септември. Последното намалување, за еден отсто, беше на 16 декември.
Се верува дека Централната банка дејствува под притисокот на Ердоган, кој долго време тврди дека високите каматни стапки предизвикуваат инфлација, што е спротивно на конвенционалното економско разбирање, пренесува АП.
Ердоган долго време тврди дека високите каматни стапки предизвикуваат инфлација, спротивно на конвенционалното економско размислување. Тој вети дека ќе ги задржи ниските стапки и ќе им даде приоритет на растот, извозот и вработувањето.