Мицотакис: Очекуваме наскоро да бидат свикани меѓувладините конференции со С.Македонија и Албанија
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој денеска во Софија се сретна со неговиот бугарски колега Кирил Петков изјави дека очекува наскоро да бидат свикани првите меѓувладини конференции на Европската Унија со Северна Македонија и Албанија. Според него, позицијата на Грција во време на растечки тензии е дека единствениот исправен пат во полза на сите е придвижување на Западниот Балкан кон ЕУ.
„Пред се, најважно е добрососедството. Очекуваме наскоро да се свикаат меѓувладините конференции со Република Северна Македонија и Албанија“, нагласи Мицотакис.
Радев: Советот за безбедност на средба во јануари за С. Македонија
Грција, како што наведе, отсекогаш била лост за напредок на регионот и очекува поддршка од Бугарија за таа заедничка цел. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска најави дека во првата половина на јануари ќе го свика Консултативен совет за национална безбедност за темата Република Северна Македонија.