Ахмети очекува решение за спорот со Бугарија по Нова Година
![Ахмети очекува решение за спорот со Бугарија по Нова Година](https://gdb.rferl.org/c3410000-0aff-0242-0958-08d99df40376_w800_h450.jpg)
Не треба да има предвремени парламентарни избори, затоа што имаме многу задачи за завршување, изјави денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети, по брифингот со новинари во седиштето на партијата во Мала Речица. Тој посочи дека евентуални нови избори ќе водат до нова непредвидливост. Тој додава дека е оптимист за набрзо можно изнаоѓање на решение за спорот со Бугарија.
„Ако сакаме да имаме стабилна ситуација и оддржлива, унапредена во правец на решавање на евроатланските прашања, ние имаме огромна потреба да го решиме спорот и да ги надминеме разликите кои ги имаме со Бугарија во однос на договорот за добрососедство. Сметам дека прашањата се унапредени, досега ги имавме предвид потешкотиите кои се соочуваше Бугарија, со изборите и со формирањето на парламентарното мнозинство и основањето на институциите. Сметам дека разликите се доближени“ изјави Ахмети.
СДСМ вечерва одлучува за ново партиско раководство, но не и за министри
Тој посочува дека очекува позитивен епилог по стартот на новата година, иако како што вели, ова прашање е потешко од тоа што земјава го решаваше со Грција. Ахмети порача партиите да не прават дневна политика од ова прашање оти треба да се чуваат долгорочните државни интереси. Лидерот на ДУИ е дециден дека со зачленувањето во НАТО за 100 отсто е зголемен интересот на странските и домашни инвеститори.