Три лица починале и откриени 119 нови случаи на ковид-19
![Три лица починале и откриени 119 нови случаи на ковид-19](https://gdb.rferl.org/2b4d61e6-c755-459f-bfb2-3ffdb021cbfe_w800_h450.jpg)
Во последните 24 часа се регистрирани 119 нови случаи на заболни со кови-19 од направени 2.324 тестирања. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (71г), Струмица (82г) и Битола (49г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.576.424 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.330, бројот на оздравени пациенти е 210.732, на починати е 7.907, а бројот на активни случаи изнесува 4.691.
Омикрон - Kаква димензија ќе добие пандемијата од новата мутација?
Најголем број на активни случаи на заболени со ковид-19 брои Скопје вкупно 2409, веднаш по него е Прилеп со 334 и Битола со 326 активни случаи на ковид-19.
Од градовите со најмал број на заболени со ковид-19 на врвот на листата се Дебар и Пехчево со само по еден активен случај, потоа Демир Капија со 6, Кратово со 6, Берово со 9 и Виница со 13.