Уставна криза - Нов предизвик откако Уставниот суд остана без уште еден судија
Дел од поранешните уставни судии предупредуваат на можна уставна криза ако не се изберат нови судии на испразнетите места. Тие велат дека со пет судии колку што брои сега Уставниот суд може да се доведе во прашање квалитетот на донесените одлуки за заштита на законитоста.