Бајден: САД се „подготвени“ за бранот омикрон
На виртуелниот состанок организиран од Белата куќа со 25 државни гувернери, американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека некои болници во САД би можеле да бидат „прегазени“ од најновиот пораст на случаи на „ковид-19“, но додаде дека земјата генерално е добро подготвена. Тој исто така нагласи дека брзото ширење на варијантата омикрон нема да го има истото влијание како првичното избивање на ковид-19 во 2020 година или напливот на делта сојот во 2021 година.
Фаучи: омикрон сојот на коронавирусот го пустоши светот
Бајден вети целосна поддршка од федералната влада за државите кои се соочуваат со пораст на случаи на ковид-19 од попреносливата варијанта омикрон. „Мојата порака е: ако ви треба нешто, кажете и ние ќе ви помогнеме на кој било начин“, рече Бајден, најавувајќи го планот на неговата администрација да им стави на достап на Американците 500 милиони брзи тестови, почнувајќи од следниот месец, преку веб-страница која сè уште не е развиена.