Во Турција уапсени 16 лица поради врски со терористичката ИД
Турската полиција денеска уапси 16 лица обвинети за врски со терористичката група Исламската држава. Полицијата се обиде во текот на ноќта да затвори нелиценцирана верска книжарница во Бингол во југоисточниот дел на земјата, која ги поддржува активностите на ИД во земјата, соопшти Кабинетот на гувернерот.
При акцијата за затворање на книжарницата, безбедносните сили биле нападнати од демонстранти со палки и камења, по што следувале апсењата, соопштуваат од канцеларијата на гувернерот.
„Нашите полициски екипи интервенираа по нападите со палки и камења врз нашите безбедносни сили“, се вели во соопштението.
Оттаму додаваат дека осомничените се уапсени за напад врз полицајци, намерно нанесување повреди и оштетување на јавен имот.