Нови 409 случаи на ковид 19, десет лица починале
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.751 тестирања, а регистрирани се 409 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 289 пациенти, а починати се 9 лица: 6 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Битола, Кавадарци и Прилеп. Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт 20.12.2021 година. Регистрираното починато лице е од Охрид, на возраст од 80 години. Починато е во болнички услови.
Филипче - Нови рестрикции не се потребни
Омикрон - Kаква димензија ќе добие пандемијата од новата мутација?
Од вкупниот број на починати лица, 3 лица се целосно вакцинирани. Досега во земјата се направени вкупно 1.581.175 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а бројот на активни случаи изнесува 4.801.