Народна банка- Годинава се забележи раст на инвестициите
За разлика од пандемичниот шок во 2020 година, годинава имаше поповолни економски трендови кај странските директни инвестици како и кај вкупните инвестиции изјави во гувернерката на Народната Банка Анита Ангеловска - Бежоска во интервју за Ал Џезеира. Таа истакна дека странските директни инвестиции се исклучително значајни за економската активност, бидејќи тие овозможуваат пристап до надворешни извори на финансирање на растот, што е многу значајно за мали економии коишто немаат доволен обем на капитал за финансирање на растот.
„Уште позначајно е тоа што тие позитивно влијаат врз квалитетот на растот, поради приливот на знаење и технологии коишто го носат. Минатата година, при големиот пандемичен шок, дојде до значително забавување на странските директни инвестиции кај нас. Тие изнесуваа околу 1,5% од БДП, што значи половина од она што беше стандарден износ кај нас пред пандемијата“, вели Ангеловска-Бежоска.
Инфлација - Народната банка треба да го одбрани стабилниот курс на денарот
Таа посочува дека годинава којашто изминува, нето странските директни инвестиции забележуваат попозитивни остварувања, со 200 милиони евра во првите три квартали, што е повисок износ во однос на првите три квартали од 2020 година, кога тие изнесуваа 100 милиони евра. Се очекува дека овие трендови ќе продолжат и во натамошниот период, при очекувања за натамошен раст на глобалната економија и постабилни согледувања на меѓународните инвеститори.