Јанша: Словенија успеа да ја врати перспективата за членство во документите на ЕУ
Словенија за време на своето претседавање со Советот на Европската унија успеа повторно да го воведе терминот „перспектива за членство“ во документите, наместо сегашната „европска перспектива“ за Балканот и Источна Европа, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша. „Еден од стратешките успеси на нашата влада е што го вративме проширувањето на маса како еден од клучните стратешки проекти на ЕУ. Беа потребни многу дискусии“, рече Јанша во интервју за словенечката телевизија, додавајќи: „Треба да се ослободиме од илузијата дека работите ќе се решат сами, а ако не се прошири ЕУ, тогаш ќе се прошири некој друг“.
Борел: Реториката на поделби во 2021 година го попречи патот на Западен Балкан кон ЕУ
Премиерот на Словенија рече дека на средбите во Брисел постигнал дека документите на ЕУ наместо „европската перспектива“ на земјите кои не се членки, повторно ја воведоа „перспективата за членство“, на што, според него, се спротивставиле некои од старите членки, основачи на ЕУ. Според него, еден од европските лидери, кого не сакаше да го именува, за време на дискусијата рекол „зошто да ги воведеме во ЕУ, кога ни се поевтини како работна сила“.
Македонија и ЕУ - Уште една изгубена година со надеж дека следната ќе биде подобра
Јанша оцени дека кај некои стари членки „тесноградоста или националистичките интереси“ преовладуваат над визијата за слободна, мирна и обединета Европа. „Европскиот проект сè уште не е завршен, а многу земји кои би сакале да станат членки на ЕУ сè уште не се слободни. Тој проект треба да продолжи, а проширувањето е неговиот суштински елемент“, рече Јанша.