Временска прогноза - Сончево и топло
Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност, иако претпладне ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се движи од 10 до 19 степени.
Во Скопје дневната температура ќе достигне до 14 степени.
Сончево и топло на првиот ден од Новата година
До вторник ќе се задржи стабилно и релативно топло време. В среда попладне и во четврток претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има локални врнежи од дожд и снег, засилен северен ветер и значително опаѓање на температурата.