Ангеловска Бежовска најави воведување на финансиски правобранител
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска најави воведување на финансиски омбудсман, со кој би се формирала посебна институција којашто ќе постапува по поплаките на граѓаните и ќе се гради рамка за посилна заштита на правата на потрошувачите.
Народна банка- Годинава се забележи раст на инвестициите
Таа освен закон за финансиски омбудсман истовремено најави и Закон за платежни услуги и платни системи. Ангеловска-Бежоска додава дека со Стратегијата за финансиска едукација и финансиска се предвидуваат повеќе активности со цел зголемување на заштитата на корисниците на финансиски услуги.
„Тие активности се фокусираат на два сегмента. Едниот сегмент е финансиска едукација, со цел зголемување на информираноста на корисниците на финансиски услуги, за нивните права, но и обврски, како и запознавање со различни финансиски производи за подобра информираност и носење правилни одлуки. Вториот сегмент е подобрување и зајакнување на регулаторната рамка за заштита на потрошувачите. Прв конкретен чекор во ова насока е Законот за платежни системи, којшто ќе обезбеди значаен квалитативен скок во делот на заштита на правата на потрошувачите во користење на услугите за платен промет“, рече гувернерката во интервју за МТВ.