Рекордни 9 илјади нови случаи на ковид-19 во Србија
Во Србија бројот на заразени со ковид 19 порасна на 9 илјади нови случаи дневно, со што и ковид амбулантите повторно се полнат. Српското министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа регистрирани 9.122 пациенти позитивни на коронавирус, што преставува најголем број на досега евидентирани заразени на дневно ниво од почеток на пандемијата.
Починати се 19 лица. Тестирани се вкупно 27.290 граѓани. На респиратори има 79 пациенти, а хоспитализирани се 2.199 пациенти. Во Србија вчера се регистрирани 7.488 лица позитивни на коронавирус, а починале 25 лица.
Нови 1 725 случаи на ковид-19, двајца починати
Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ денес донесе измени на мерките поврзани со скратување на времетраењето на домашниот карантин за блиски контакти со ковид позитивни лица од 14 на 10 дена, како и измени на критериумите за ослободување од карантин после близок контакт .