Во експлозија на бомба во Авганистан убиени шест деца
Инцидентот се случил утрото во источната провинција Нангархар, се вели во соопштението на локалниот оддел за информации.
Од Канцеларијата на гувернерот назначен од талибанците соопштија дека експлозијата се случила кога количка на која се продавала храна погодила неексплодирана минофрлачка граната пред основно училиште. Други детали не се соопштени.
Поранешниот претседател на Авганистан - немав друг избор освен да побегнам
Групата Исламска држава (ИД), која им е ривал на талибанците, е присутна во провинцијата. Милитантната група стои зад неколку напади чија цел беа талибанците, откако тие ја презедоа власта во земјата во средината на август 2021.
Во Авганистан има огромен број неексплодирани мини и други убојни средства од децениските војни и конфликти во земјата.