Рекордни 1964 случаи на коронавирус во Македонија
Во изминатото деноноќие се регистрирани 1964 нови случаи на коронавирус во Македонија, а 13 луѓе починаа. Ова е најголем дневен број на новозаразени во земјава од почетокот на пандемијата.
Седум луѓе починале во изминатите 24 часа, а шестмина меѓу 30 декември и 8 јануари, но сега се пријавени. Починатите се на возраст од 39 до 87 години.
Направени бил е 7.724 тестови.
Реално нереална слика за бројот заразени од Ковид
Најголем број од новите случаи, 1070, се во Скопје, во Битола има 226, Прилеп 122, Куманово 52, Охрид 51, Валандово 44, Радовиш 35, Велес 32, Гевгелија 31, Кавадарци 29, Тетово и Кочани по 22, Гостивар и Крушево по 21, Струга и Струмица по 20, Кичево и Крива Паланка по 17, Ресен и Богданци по 13, Штип, Неготино и Делчево по 12, Свети Николе 10, Кратово 9, Демир Хисар 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево по 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по 2, и во Демир Капија еден нови случај.
Поради технички проблем во системот Мој Термин во текот на денешниот ден не беа евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од денешниот ден ќе бидат прикажани во утрешната информација.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.