Нови 1.865 заразени со ковид, од нив 207 се реинфекции
Регистрирани се 1.865 нови случаи на ковид-19 од направени 6.173 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 207 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица на возраст од 45 до 86 години, сите починати во болнички услови.
Најмногу новозаразени има во Скопје – 871, потоа следуваат Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија – 28, Гостивар – 27, Неготино – 24, Радовиш – 23, Струга и Ресен – по 22, Кочани – 21, Крушево – 20, Валандово – 15, Делчево – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 10, Богданци – 9, Пробиштип – 8, Берово – 6, Македонски Брод – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Кратово и Демир Капија – по 3, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар и Дојран – по 1.
Омикронот се шири, а некои лаборатории вадат мал процент позитивни тестови
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545.