Австралискиот Федерален суд на 16 јануари ќе одлучува за случајот Ѓоковиќ
Тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ пристигна во истиот хотел во Австралија каде што беше задржан минатата недела, откако властите по вторпат му ја откажаа визата.
34-годишниот Србин, кој е невакциниран против КОВИД-19, на 15 јануари пристигна во хотелот во Мелбурн и таму ќе преноќи пред закажаното рочиште во Федералниот суд на 16 јануари за неговата жалба против депортацијата.
Се очекува од сослушувањето да се утврди дали Ѓоковиќ може да остане во Австралија и да се натпреварува за својата 10-та титула на Австралија опен и да го запише 21 Грен слем трофеј.
Министерот за имиграција на Австралија му ја укина визата на Ѓоковиќ
Светскиот број 1 и бранител на титулата сè уште е на распоредот да игра на турнирот кој започнува на 17 јануари, но правната постапка ги стави под прашање шансите да игра на турнирот.
Случајот сега е пред повисокиот суд откако министерот за имиграција Алекс Хок му ја блокираше визата, како што беше наведено „поради здравствени причини и добри причини врз основа на тоа дека било јавен интерес интерес да го стори тоа.
Министерот вели дека континуираното присуство на Ѓоковиќ во земјата може да „поттикне антивакцинација“.
Адвокатите на Ѓоковиќ тврдат дека владата „не наведе докази“ за да ги поткрепи нејзините тврдења и се жалат на, како што ја нарекоа, „ирационална“ пресуда.