Најмалку 12 мртви во земјотрес во Авганистан
Најмалку 12 лица загинале денеска во земјотрес во западен Авганистан, соопштија локалните власти.
Властите во округот Кадиз во провинцијата Багдис соопштија дека луѓето загинале бидејќи биле во нивните домови кои се урнале во земјотресот. Според Американскиот институт за геофизика (USGS), земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
„Во земјотресот има и повредени“, додаваат локалните власти, без да го прецизираат точниот број на повредени.
Авганистан често е погоден од земјотреси, особено во планинскиот венец Хинду Куш, кој се наоѓа на спојот на две тектонски плочи – евроазиската и индиската.