Американската виолинистка Силверштајн солистка во „Галантна Индија“ на Филхармонија
„Галантна Индија“ е насловен концертот со кој оркестарот на Филхармонија, овој четврток на 20 јануари, ќе го започне вториот дел од актуелната сезона „Во движење“. Диригент е маестро Габриел Бебешелеа, а солистка Елишија Силверштајн, една од најзначајните млади американски виолинистки.