Најмалку 22 мртви во два земјотреса во Авганистан
Најмалку 22 лица загинаа во земјотресите што во понеделникот го погодија западниот дел на Авганистан, соопштија властите.
Според Геолошкиот институт на САД (USGS), земјотреси со јачина од 4,9 и 5,3 степени ја погодиле северозападната провинција Бадгис и предизвикале рушење на куќи и згради.
Портпаролот за агенцијата АФП изјави дека меѓу пронајдените мртви во урнатините има и четири деца. Се додава дека биле оштетени повеќе од 700 куќи.
Земјотресите можат да предизвикаат значителна штета во Авганистан, каде што многу домови не се толку стабилни или добро изградени.
Првиот земјотрес се случи попладнето, а вториот околу два часа подоцна. Неговото влијание најмногу се почувствувало во областите Кади и Мугр.
Најмалку 12 мртви во земјотрес во Авганистан
Би-Би-Си јави дека началникот на областа Кади, Мохамед Салех Пурдил, рекол дека во земјотресот биле уништени неколку куќи и дека меѓу жртвите има жени и деца.
Тој и другите официјални лица предупредија дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи спасувачите се пробиваат низ урнатините во оддалечениот регион.
Бадгис се наоѓа на северозапад, граничи со Туркменистан. Се смета за еден од најмалку развиените и најсиромашните региони во Авганистан.
Сиромашниот Авганистан продолжува да се бори со големи долгови и недоволно снабдување, што се влоши откако Талибанците ја презедоа власта во август.