Џавид: „Мораме да научиме да живееме со ковид“
Британскиот министер за здравство Саџид Џавид изјави дека „мора да научиме да живееме со Ковид на ист начин како што научивме да живееме со грип“. „Чекорите што ги објавивме претставуваат голема пресвртница, но тоа не е крајот на патот и не треба да го гледаме ова како финиш, бидејќи не можеме да го искорениме овој вирус и неговите идни варијанти. Мора да научиме да живееме со ковид на ист начин како што научивме да живееме со грип“, рече Џавид.
Џонсон одбива да поднесе оставка по откритијата за забавите на Даунинг стрит
Претходно, премиерот Борис Џонсон објави дека повеќето ограничувања на вирусот во Британија ќе да бидат укинати од следната недела. „Луѓето повеќе нема да мора да носат маски во затворени простори, да работат од дома и да докажуваат вакцинација за да влезат на јавни места како што се ноќните клубови“, рече Џонсон во парламентот. Во минатиот месец Британија се префрли на „Планот Б“ за да се справи со, како што Џонсон ја нарече „плимата“ на очекувани инфекции од варијантата омикрон. Но, тој мораше да се бори со сопствената партија за да ги внесе измените во закон, бидејќи конзервативните колеги ги нарекоа ограничувањата чекор предалеку и ограничување на јавните слободи.
Шефот на СЗО - Пандемијата е далеку од завршена
Олеснувањето на ограничувањата се смета за отстапка за критичарите лути на откритијата дека тој и неговиот персонал ги прекршиле правилата за заклучување на ковид-19, одржувајќи забави на Даунинг Стрит. Откако се појави варијантата омикрон, дневниот број на случаи во Британија надмина рекордни 200.000 инфекции на почетокот на јануари, но сега се намали на помалку од половина.