Албанија ги затвора училиштата поради најава за поларни температури
„Оваа важна одлука е донесена, бидејќи во наредните денови се очекуваат многу ниски температури, кои се вонредни температури за земја како нашата. Во некои области ќе достигне и до-17 степени Целзиусови“, објави на Фејсбук министерката за образование, Евис Куши.
Наведува дека апсолутен приоритет во секое време е здравјето и благосостојбата на децата и поради оваа причина е одлучено да нема настава во сите училиштата.
„Секако доколку прогнозите не се покажат точни, а температурите ќе бидат поприфатливи, ќе ја разгледаме оваа одлука и ќе бидеме во постојана комуникација со вас, бидејќи за нас процесот на учење е од приоритетно значење“, додава Куши.
Изгубените часови, објаснува таа, ќе бидат дополнети во договор со локалните канцеларии за образование, за што навремено ќе бидат информирани сите образовни институции.