Абазовиќ: Правиме влада на помирување, сите се добредојдени
Вицепремиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска изјави дека не им забележува на граѓаните кои синоќа протестираа во Подгорица и дека го брани нивното право на протест.
„Со годините се наталожија многу неправди, па таквата реакција е логична. Сепак, на оние кои поттикнуваат омраза и седат во фотелји, секогаш ќе им кажам каде припаѓам“, напиша Абазовиќ на Фејсбук.
Премиерот на Црна Гора: малцинска влада е измама
Тој вели дека доколку имаат можност да формираат влада, тоа ќе биде Влада на помирување, додавајќи дека сите се добредојдени – Црногорци, Срби, Бошњаци, Албанци, Хрвати, православни, католици, муслимани.
Во градови во Црна Гора синоќа се одржаа протести по повод можното формирање малцинска влада, а во Подгорица неколку стотици граѓани се собраа првично пред зградата на Владата, а потоа и пред зградата на РТЦГ.