Два земјотреси го погодија југот на Филипините
Два земјотреси денеска го погодија јужниот дел на Филипините, но според досега познатите податоци нема поголема штета и нема опасност од цунами, соопштија сеизмолозите.
„Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала се случи во близина на островот Балут, 1.130 километри јужно од Манила“, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.
Институтот соопшти дека нема опасност од цунами и дека штетите од земјотресот не се очекуваат да бидат големи, но предупредија на можни последователни потреси, јави ДПА.
Шест часа претходно, земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди крајбрежниот град Баганга во блиската провинција Давао.
Националната агенција за катастрофи соопшти дека досега не се пријавени поголеми последици од тој земјотрес. Филипините се наоѓаат на огнениот прстен на Пацификот, каде што се случуваат околу 90 отсто од земјотресите во светот.