Пристапот на Ковачевски и Петков критикуван и во Македонија и во Бугарија
Почнува дводневната посета на македонската влада на Софија во чии рамки во вторник ќе се одржи меѓувладина седница на владите на двете држави. Во меѓувреме пристапот кој го најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков е силно критикуван од опозициите во двете земји.