Ќучук-Нема договор кој ги задоволува и двете страни
Разговорите за минатото се важни, но важни се и разговорите за иднината, потенцира известувачот на Европскиот парламент за земјава, изјави денеска европратеникот Илхан Ќучук, по конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“.
Ковачевски-Каде има политичка волја, разликите полесно се надминуваат
Тој изрази верување дека новите влади на Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат по патот на отвореноста заради целосно надминување на сите недоразбирања.
„Нема поважен фактор од довербата, нема универзален договор, нема договор, кој е еднакво добар, нема договор кој ги задоволува и двете страни, но секој договор дава правна рамка за да се започне разговор. Јас верувам дека новата Влада на Бугарија и новата Влада на чело со Ковачевски ќе продолжат по патот на отворањето можности за подобро разбирање. Од моето искуство, не само како известувач, туку и како човек кој доаѓа тука разговара со граѓаните, со политичарите, можам да заклучам дека единствениот проблем е тоа што не се разбираме, тоа што не знаеме едни за други,“ изјави Ќучук.
Македонија и ЕУ - долг пат без извесен крај, но што во меѓувреме?
Според него, важно е да се поттикнат граѓаните и локалната власт интензивно да учествуваат во развојот на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Тој додаде дека Договорот за пријателство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија и сеопфатниот развој и продлабочувањето на пријателските добрососедски односи, се во интерес на граѓаните на двете држави.
На конференцијата „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ воедно учествуваа и градоначалниците Висар Ганиу од ДУИ, Костадин Костадиновскиод СДСМ , Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, како и многу други младински и образовни претставници.