Третина пратеници од иранскиот Парламент во карантин
Третина пратеници од иранскиот Парламент се во карантин откако тестовите за ковид-19 покажаа дека се позитивни на омикрон сојот. Во објавувањето на позитивните тестови пратеникот Аболфасл Абутораби рече дека законодавнот дом од 290 пратеници стартува со редовно тестирање на сите членови за да спречи понатамошно ширење на ковид-19.
Иранската влада размислува за нови рестриктивни мерки во услови на пораст на инфекции со коронавирус по појавата на варијантата Омикрон, што поттикна кампања за вакцинација низ целата земја.
Повеќе од 132.000 смртни случаи се припишуваат на ковид-19 во Иран од почетокот на пандемијата во почетокот на 2020 година. Повеќе од 6,3 милиони инфекции се регистрирани кај населението од 84 милиони во земјата, а се проценува дека 60 отсто се целосно вакцинирани.