Ковачевски на средби со претставници на НАТО и ЕУ
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски утре во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Попладнето премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел како и со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола.
Македонија и ЕУ - долг пат без извесен крај, но што во меѓувреме?
Средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, е предвидена во петок претпладне.
Димитар Ковачевски ќе има средби со и членови на Европскиот Парламент и со поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.
Ова ќе биде прва дводневна посета на Брисел на Ковачевски откако седна на премиерското столче.
Освен Османи и Петровска, премиерот Ковачевски во Брисел ќе го придружува и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.