Германскиот канцелар Шолц во Москва на средба со Путин
Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин на 15 февруари во Москва, посета кој е дел од зголемената дипломатска активност поттикната од трупањето руска војска на границата со Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја објави средбата на прес-конференција денеска, велејќи дека двајцата лидери ќе одржат „суштински“ билатерални разговори. Засега нема потврда за средбата од кабинетот на Шолц.
Германскиот претседател треба да разговара и во Вашингтон со американскиот претседател Џо Бајден.
ЕУ подготви нов пакет санкции против Русија ако ја нападне Украина
Разузнавачките извештаи проценуваат дека Русија испратила повеќе од 100 000 војници во близина на границата со Украина, за што Западот се сомнева дека е вовед во инвазија. Москва негира дека планира упад, но бара гаранции за европската безбедност, вклучително и ветување дека Украина никогаш нема да стане дел од НАТО алијансата.