Нови 1.493 случаи на заразени со ковид-19
Во изминатите 24 часа регистрирани се 1.493 случаи на заразени со ковид-19 од направени 4986 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Половина од новозаразените се регистрирани во Скопје – 720, потоа следат Битола – 90, Куманово – 87, Кавадарци – 72, Тетово – 54, Струмица – 44, Прилеп – 43, Велес – 41, Охрид – 40, Штип – 32, Гостивар – 31, Свети Николе – 25, Неготино – 24, Гевгелија – 23, Кичево и Струга – по 19, Ресен и Радовиш - по 16, Кочани и Валандово – по 13, Богданци – 11, Македонски Брод – 10, Крива Паланка – 9, Демир Хисар – 8, Дебар, Виница и Кратово – по 5, Берово, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Делчево – 3, Демир Капија – 2, Дојран – 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.493), регистрирани се 191 реинфекции и една втора реинфекција.
Не им го плаќаат боледувањето, па и заразени одат на работа
Регистрирани сe 2.652 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 31 починато лице и дополнително уште осум починати од Регистерот на починати од ковид на Мој термин.
Од вкупниот број на починати лица (n=39), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 39 лица се регистрирани коморбидитети.
Бројот на активни случаи изнесува 12.764.