Времето денеска- сончево со температура до 13 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала, во северозападните и западните делови умерена облачност, која до крајот на денот ќе се зголеми и прошири и во останатите делови. Во текот на ноќта кон недела во северозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег.
Во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала, а попладне умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 6 степени.