Нови 1 045 заразени со ковид, вкупно 29 починати
Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени се 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 557, а потоа следуваат Куманово – 57, Битола – 53, Тетово – 47, Велес – 41, Охрид – 39, Прилеп – 35, Гостивар – 33, Кавадарци и Струмица – по 32, Кочани – 19, Штип – 17, Гевгелија – 14, Неготино – 12, Струга и Свети Николе – по 11, Кичево. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни (1.045), регистрирани се 132 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 25 починати лица од 57 до 86 години. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид од Мој Термин, пријавени се дополнително четири починати лица на возраст од 64 до 82 години кои починале во периодот од 23.01.2021 - 02.02.2022 година. Од вкупниот број на починати лица, 29, шест се лица се целосно вакцинирани, а кај 26 лица се регистрирани коморбидитети.
Во последните 24 часа регистрирани сe 2.418 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.182, бројот на оздравени пациенти е 257.280, на починати е 8.578, а бројот на активни случаи изнесува 12.324.