Едно лице настрада во пожар во кругот на инфективната болница во Белград
Еден маж настрада во пожарот кој во текот на ноќта изби во станбена зграда во кругот на инфективната клиника во Белград, пренесува Радио телевизија Србија(РТС). Уште едно лице е пренесено во болница, а пожарот е изгаснат.
Итната помош добила повик во 36 минути по полноќ.
„Една екипа згрижи еден пациент и го пренесе во Воено медицинската академија, а друга екипа остана на местото на пожарот за време на гаснењето и на крајот само констатиравме смрт на едно лице“, изјави докторката Ивана Стефановиќ.
Продолжен распустот во Србија поради ширењето на коронавирусот
Засега не е позната причината за пожарот.
Сите станари во зградата каде избил пожарот, во која има 20 станови, се евакуирани.
Во зградата живеат поранешни вработени во Клиничкиот центар Србија.