Едно лице настрада во пожар во кругот на инфективната болница во Белград
![Едно лице настрада во пожар во кругот на инфективната болница во Белград](https://gdb.rferl.org/CBF05E33-C818-45B0-BDF2-E854593BE41E_w800_h450.jpg)
Еден маж настрада во пожарот кој во текот на ноќта изби во станбена зграда во кругот на инфективната клиника во Белград, пренесува Радио телевизија Србија(РТС). Уште едно лице е пренесено во болница, а пожарот е изгаснат.
Итната помош добила повик во 36 минути по полноќ.
„Една екипа згрижи еден пациент и го пренесе во Воено медицинската академија, а друга екипа остана на местото на пожарот за време на гаснењето и на крајот само констатиравме смрт на едно лице“, изјави докторката Ивана Стефановиќ.
Продолжен распустот во Србија поради ширењето на коронавирусот
Засега не е позната причината за пожарот.
Сите станари во зградата каде избил пожарот, во која има 20 станови, се евакуирани.
Во зградата живеат поранешни вработени во Клиничкиот центар Србија.